ЕУ по девет години би можела да ги укине санкциите кон Белорусија

Од:

Европската унија би можела по девет години да ги укине санкциите кон Белорусија, по ослободувањето на политичките затвореници во земјата претходно годинава, соопшти денеска анонимен претставник на ЕУ.

Според претставникот амбасадорите на 28 земји членки на ЕУ начелно се согласни дека рестриктивните мерки против Белорусија би можеле да бидат суспендирани во текот на октомври.

Сепак, конечната одлука ќе зависи од спроведувањето на претседателските избори во недела.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, кој се кандидира за реизбор, во 2006 година е казнет со укинување на правото на патување во ЕУ и САД, а потоа во 2010 година на Белорусија се воведени санкции поради апсење на политички противници.

Еден од претседателските кандидати, кој беше тогаш уапсен, Николај Статкевич во затвор мина речиси пет години, откако заедно со уште пет политички затвореници беше ослободен во август годинава.

Брисел при одлуката за укинување на санкциите кон Белорусија ќе го земе во предвид и напорот на Лукашенко во мировниот процес за Украина.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он