ЕУ останува на ставот за две држави и покрај мировниот план на Трамп

Од:

Европската Унија не го менува својот став во однос на израелско-палестинскиот конфликт и останува обединета во потрагата по заеднички прифатливо решение за двете страни, во согласност со меѓународното право.

Во реакцијата објавена утрово се вели дека ЕУ ќе ги разгледа и ќе даде своја проценка за предлозите на САД, но ќе остане обединета.

-Ова ќе биде направено врз основа на добро етаблираниот став на ЕУ и нејзината силна и обединета заложба за компромисно и одржливо решение за две држави кое ги зема предвид легитимните аспирации и на Палестинците и на Израелците, со почитување на сите релевантни резолуции на Обединетите Нации и сите договорени меѓународни параметри, е ставот на високиот претставник за надворешната политика на ЕУ, Јосеп Борел.

САД вчера го објави својот мировен план за конфликтот помеѓу Палестинците и Израелците, кој палестинската страна целосно го отфрла и де факто оневозможува создавање на одржлива палестинска држава.

Европската Унија не отстапува од ставот дека “единственото реалистично решение“ за конфликтот лежи во две држави и ги повика двете страни да се вратат на преговарачката маса.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност