ЕУ не верува во регуларноста на изборите во Русија

Од:

Европската Унија смета дека изборите во Русија се одвија во атмосфера на заплашување и се сомнева во регуларноста на нивното одржување, изјавија денеска од Европската комисија.

Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано, рече дека атмосферата во која се одржаа парламентарните избори во Москва ги замолчи критичките и опозициските сили.

Тој потсети дека на терен немаше меѓународни набљудувачи.

-Поради ова тешко е да се види како се одвиваа изборите навистина, но имаме индикации од локални независни набљудувачи кои пријавија бројни нерегуларности, рече Стано.

На изборите во Русија победи партијата на претседателот Владимир Путин со 49,64 отсто од гласовите. Портпаролот на руската влада изјави дека изборите биле фер и слободни, додека опозицијата алармира дека биле употребени лажни гласачки ливчиња и дека се заплашувале набљудувачите.

Би можело да ве интересира

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани