ЕУ може да спречи поголем извоз на вакцини, предупреди Фон дер Лајен

Од:

Шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен денеска предупреди дека Унијата може да го запре понатамошниот извоз на вакцина за коронавирус, откако Италија ја запре пратката за Австралија.

– Тоа не беше еднократно, рече претседателката на Европската комисија за деловниот весник Виртшафтсвоче.

Минатата недела Италија соопшти дека го блокирала извозот на 250.700 дози вакцина АстраЗенека наменети за Австралија, посочувајќи дека има недостиг од вакцини во Европа, додека истовремено Австралија нема итна потреба од нив.

Бранејќи ја одлуката на Италија, Фон дер Лајен рече дека АстраЗенека испорачала помалку од 10 проценти од тоа што Унијата порачала од декември до март.

Европската комисија ја критикуваше англо-шведската компанија за неуспехот да го исполни својот распоред за испорака до ЕУ, истовремено доставувајќи ја сета нарачка за Велика Британија.

Според шемата на ЕУ, компанија што сака да извезува надвор од Унијата треба да аплицира за дозвола до националната влада, која одлучува по консултација со Комисијата.

Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Штефен Зајберт минатата недела истакна дека ЕУ снабдува вакцини на целиот свет – за разлика од земји, како на пример САД.

– Ние стоиме зад овој европски пристап, кој се разликува од американскиот, кога станува збор за производството, на пример, рече Зајберт.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески