ЕУ ќе забрани нова психотропна супстанца

Од:

Европската Комисија се подготвува да ја забрани супстанца „исотонитазен“, психотроп кој може да доведе до смрт, според европските санитарни власти.

Станува збор за синтетичка дрога што се појавила во пет земји на ЕУ во април 2019, и до сега и се припишуваат два смртни случаи во Европа, 21 во САД и Канада. Дрогата се продава главно преку интернет како прашок, некогаш во форма на спреј за нос.

-По презентацијата на новата ЕУ агенда и акциски план за дроги денеска преземаме мерки за забрана на нова опасна супстанца и ќе останеме внимателни, ќе го набљудуваме појавувањето на нови опасни супстанци, изјави еврокомесарката за здравство, Илва Јохансон.

За опасноста од исотонитазенот извести Агенцијата за мониторинг на дроги и зависност од дроги на ЕУ.

Европската Комисија од денеска ја започнува процедурата за забрана на оваа супстанца на територијата на ЕУ, забраната ќе биде ефективна откако ќе биде одобрена од Советот и Парламентот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски