ЕУ ќе свика кризен состанок: Во Турција ќе се испраќаат тимови за пребарување и спасување

Од:

ЕУ ќе свика кризен состанок на Интегрираниот политички кризен одговор (ИПЦР) поради земјотресите што ги погодија Турција и Сирија.

На средбата ќе стане збор за координација на мерките за поддршка на ЕУ за погодените региони, јавува Би-Би-Си.

Состаноците на ИПЦР вообичаено се вклучуваат релевантни институции на ЕУ и претставници од сите земји членки

ЕУ најавува дека ќе формира и во Турција испрати тимови за пребарување и спасување, а воедно на располагање ќе ги стави и услугите на сателитскиот систем Коперник.

Претходно, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, и еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, изјавија дека ЕУ е подготвена да им помогне и на погодените во Сирија преку своите програми за хуманитарна помош.

Во денешниот силен земјотрес во јужна Турција, со јачина на ударот од 7,8 степени по Рихтеровата скала, што предизвика сериозни штети и во соседна Сирија, досега се регистрирани најмалку 2.300 загинати.

Шефот на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби изјави дека во таа земја загинале најмалку 1.498 луѓе, а 8.533 се повредени.

Би можело да ве интересира

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес во Турција

Силен земјотрес во Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес во Турција