ЕУ ќе обезбедува училишни автобуси за Украина

Од:

ЕУ почнува кампања за обезбедување училишни автобуси за Украина, соопшти денеска портпарол на Европската комисија.

Националните и локалните власти, како и компании од цела Европа, се очекува да бидат вклучени во кампањата што ја започна претседателката на ЕК Урсула фон ден Лејен, рече портпаролот.

ЕК донира 14 милиони евра за училишни автобуси, но потребно е повеќе, додаде тој. Според него, ЕК ќе ги покрие трошоците за испорака на донираните автобуси во Украина.

Портпаролот истакна дека од почетокот на војната во руски напади се уништени 2.800 училишта. Поради тоа многу деца патуваат во подалечни училишта со што се доведуваат во дополнителен ризик од тековните борби.

Според проценките на Комисијата, 5,7 милиони украински ученици се погодени од војната. Очекуваните донации може да се пријават онлајн или во претставништво на ЕК.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ