Европската унија во следните седум години ќе обезбеди три милијарди евра за земјите во развој. Парите ќе бидат наменети за разој на обновлива енергија.
– Поддршката за најпогодените делови од светската заедница е од решавачко значење, истакна претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, кој учествува на Конференцијата за климантските промени во Њујорк.
Баросо апелираше до европските лидери да се договорат за амбициозниот предлог на ЕК, со кој се предвидува до 2030 година штетните гасови да бидат намалени за 40 проценти во споредба со нивото од 1990 година, и за 27 отсто да биде зголемено производството на обновлива енергија.