ЕУ и се заканува на Белорусија со нови санкции по смртта на опозициски активист

Од:

Европската унија предупреди дека може да воведе дополнителни санкции против Белорусија и ја осуди смртта во полициски притвор на опозициски активист.

– Тоа е скандалозен и срамен потег на белоруските власти, кои не само што продолжуваат со директни и жестоки репресии врз својот народ, туку и создаваат атмосфера, во која се извршуваат такви незаконски акти на насилство, изјави портпаролот на ЕК, Петер Стано во врска со смртта на 31-годишниот Роман Бондаренко.

Бондаренко вчера почина по неколкучасовна операција како резултат на повредите здобиени од насилството извршено врз него од страна на цивилни полицајци.

ЕУ изрази сочувство до семејството на Роман Бондаренко и ја нагласи нејзината поддршка за сите Белоруси кои се незадоволни од резултатите на претседателските избори одржани на 9 август.

Во соопштението се повторува и позицијата на ЕУ, повикувајќи ја белоруската Влада „да го прекине насилството врз населението и да ги изведе одговорните пред лицето на правдата“.

– ЕУ веќе воведе санкции против 55 службени лица, одговорни за насилство, и е подготвена да воведе дополнителни мерки, нагласи службата за надворешна политика на Унијата.

Би можело да ве интересира

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“

Украинците тврдат дека спречиле упад на руски диверзанти од Белорусија

Катерина Ѓуровски