ЕУ и Јапонија заеднички против пандемијата и за економското закрепнување

Од:

Лидерите на Европска Унија и на Јапонија на денешната видео-конференција го потврдија стратешкото партнерство за решавање на глобалните прашања, при тоа нагласувајќи дека ќе продолжат да ги интензивираат блиските билатерални одноци.

– Стратешкото партнерство помеѓу ЕУ и Јапонија е засновано на долгогодишна соработка и заеднички вредности, а бележи успех во многу клучни области, како што е политичката соработка, трговијата и инвестициите, дигиталната трансформација, заштитата на климата и безбедноста, се наведува во зедничкото соопштение на ЕУ и Јапонија.

Јапонскиот премиер, Шинзо Абе и претставниците на Европскиот совет, Шарл Мишел и на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја нагласија важната улога на партнерството на Јапонија и ЕУ во закрепнувањето од последиците од пандемијата со Ковид-19.

Во заедничкото соопштение се истакнува дека за победа против вирусот и економското закрепнување потребни се глобална солидарност, соработка и ефикасен мултилатеризам.

Лидерите ја потврдија посветеноста на глобалната соработка и континуираното финансирање на антивирусните лекови, дијагностиката, лекувањето и вакцината да бидат достапни до сите.

Токио и Брисел ја нагласија својата одлучност да обезбедат економското закрепнување да биде засновано на принципите на обновлива, одржлива и отпорна економија.

Абе, Мишел и фон дер Лајен упатија апел за воздржување од непотребните ограничувања на патувањата и извозот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила