И Брисел и АстраЗенека тврдат дека го добиле судскиот спор околу доцнењето на вакцините

Од:

Британско-шведската фармацевтска компанија АстраЗенека денеска соопшти дека Европската унија го загубила правниот спор покренат против оваа компанија поради доцнење во производството и испорака на вакцини против Ковид-19.

Во соопштението на компанијата се наведува дека Европската комисија побарала од АстраЗенека да испорача 120 милиони дози вакцини до крајот на јуни 2021 година, но судот во Брисел наложил испорака на 80,2 милиони дози до 27 септември 2021 година.

Со тоа, како што е соопштено, е одбиено барањето на ЕУ за испорака на дополнително количество вакцини до крајот на овој месец.

Британско-шведската компанија претходно се обврза со договор дека ќе направи се што може до крајот на јуни да испорача 300 милиони дози за земјите од ЕУ, но проблемите со производството доведоа до тоа компанијата да ја намали својата цел на 100 милиони вакцини.

Европската Комисија ја тужи АстраЗенека за неиспорачаните вакцини предвидени во договорот склучен уште пред да бидат развиени вакцините. Поради доцнењата во испораката земјите членки на ЕУ се соочија со проблеми во кампањата на вакцинација на граѓаните.

Претседателката на Европската Комисија рсула фон дер Лајен ја поздрави одлуката на белгискиот суд.

– Оваа одлука го потврдува ставот на Комисијата: АстраЗенека не ги исполни своите ветувања од договорот, добро е да се види дека независен судија го потврдува ова, изјави таа.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески