ЕУ го усвои стратешкиот компас за одбрана

Од:

Министрите за надворешни работи и за одбрана денеска го усвоија предлогот за стратешки одбранбен компас за ЕУ со кој се координира и усогласува заедничката одбранбена политика на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, го поздрави усвојувањето на предлогот после две години преговори. Тој нагласи дека ова нема да стави крај на војната во Украина, но дека доаѓа во право време кога секој граѓанин во Европа ја разбира целта за зајакнување на силата на ЕУ“.

Целта на овој документ е да даде патоказ за земјите на ЕУ во справување со кризи и војни во нејзиното соседството или во светот и да и овозможи брзо да реагира кога е потребно, да се зголемат капацитетите на ЕУ како и инвестициите во воениот сектор, и да се развијат партнерства со сојузниците на Европа во светот, меѓу нив и Западниот Балкан.

– Реков дека Европа е во опасност, многумина тогаш мислеа дека го кажувам тоа за да го продадам производот, да привлечам внимание, денес сите се уверени дека Европа е во опасност, очигледно е после инвазијата и оваа војна е тектонска промена на геополитичкиот пејзаж, рече вечерва високиот претставник на ЕУ за надворешна политика.

Борел нагласи дека со стратешкиот компас ЕУ ќе може да реагира поцврсто и поодлучно во услови на кризи и да ја обезбеди сигурноста на европските граѓани. Тоа ќе има цена: ќе треба земјите да инвестираат во воени капацитети и да ги зголемат трошоците за одбраната, околу 1,5 отсто. Истовремено НАТО бара зголемување на воениот буџет на два отсто од бруто домашниот производ.

Шефот на ЕУ дипломатијата инсистираше дека овој документ во ниеден случај не значи конкурентност со НАТО, туку надополнување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Борел: Ако Белорусија прифати руско нуклеарно оружје, тоа е неодговорнa ескалација

НАТО: Руската нуклеарна реторика е опасна и неодговорна

Горан Наумовски

3-годишната Милица загина од шрапнел во сопствениот дом – за 78 дена, 79 деца жртви на бомбардирањето

Анита Петровска Рајковиќ

Шведска го усвои законот за пристапување во НАТО додека чека ратификација

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шефот на НАТО: Русија побара од Кина смртоносно оружје

Ана Ололовска

ЕУ дава две милијарди евра за брзо вооружување на Украина

Горан Наумовски