ЕУ го поздрави подобрувањето на односите со САД

Од:

По низата средби меѓу претставници на ЕУ и на САД во последните денови, Брисел изразува задоволство од подобрувањето на односите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Телефонски разговор меѓу американскиот и францускиот претседател, средбата меѓу шефовите на дипломатиите на двата блока и новата заедничка здравствена иницијатива се неколкуте чекори преземени во последните денови на релација Брисел – Вашинтон.

Откако односите меѓу партнерите се оладија со најавата за создавање нов воен сојуз помеѓу САД, Австралија и Обединетото Кралство, двата блока во последниов период се обидоа да воведат комуникација.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и американскиот претседател, Џо Бајден, најавија евро-американска иницијатива вчера за да се подобри стапката на вакцинираност на целиот свет и да се воведе здравствена безбедност на глобално ниво преку засилена соработка.

Европската Комисија исто така го поздрави соопштението издадено по разговорот помеѓу францускиот претседател Емануел Макрон и Бајден и изрази задоволство што се воспостави повторно комуникација.

Официјален Париз е гневен од одлуката на Австралија да откаже нарачка на француски подморници поради воениот сојуз со Лондон и Вашингтон. По разговорот меѓу Макрон и Бајден, двете страни издадоа соопштение во кое се поздравува американската стратегија за Индо-пацификот и се нагласи потребата за одбранбена автономија на Европската Унија.

Истовремено во Вашингтон се остварени низа средби на претставници на највисоко ниво на САД и ЕУ, рекоа од Европската Комисија.

-Ова е во согласност со гледиштето на Фон дер Лајен дека пријателите и сојузниците треба да се вклучат заемно во носењето одлуки, сојузниците треба да разговараат едни со други и Европската Комисија ќе разговара со земјите членки на ЕУ и со САД за идните чекори, изјави Ерик Мамер, портпарол на Европската Комисија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски