ЕУ го поддржа вакцинирањето

Од:

Министрите за здравство на земјите од Европската унија денеска го поддржаа вакцинирањето – прашање кое раѓа се поголема недоверба меѓу Европејците, особено во момент кога Италија го пререгулира користењето на една од вакцините против грип, по трите сомнителни смртни случаи, пренесоа француските медиуми.

Италијанската агенција за лекарства минатиот четврток го прекина користењето на два дела од вакцината ФЛУАД (FLUAD) на швајцарската фармацевтска компанија Новартис (Novartis).

– Одлуката беше донесена како мерка за внимателност во очекување на резултатите од анализите, појасни денеска италијанската министерка за здравство, Беатриче Лоренцин, при своето пристигнување на средбата на европските министри за здравство.

Мерката следеше по трите сомнителни смртни случаи во јужна Италија – на две жени, на возраст од 87, односно 79 години, и на еден 69-годишен маж, кои примиле имунизација со посочената вакцина.

Вакцинирањето е од фундаментално значење за јавното здравје и ние не можеме да отстапиме од тоа гледање пред недовербата кон вакцините, која расте во Европа врз основа на ненаучни наоди, изјави Лоренцин.

Портпаролот на ЕК за здравствените прашања, Енрико Бривио, појасни дека таа, исто така, ги очекува резултатите од анализите, извршени во Италија. Тој појасни дека случајот засега се однесува само на Италија, откако сомнителните делови од вакцината се произведени во фабрики на Новартис во градот Сиена, во областа Тоскана.

– Доколку проблемот се потврди, Европската агенција за лекови ќе направи проценка на ситуацијата, дополни тој.

Италијанската министерка за здравство денеска пред своите колеги упати предупредување дека луѓето во Европа не треба да се чувствуваат заштитени од заканите по здравјето. Таа подвлече дека епидемијата од ебола во Африка секого треба да го потсети колку е важна борбата со патогените агенси.

Слично мсилење изрази и еврокомесарот за здравство, Витенис Андривкаитис, кој подвлече дека тенденцијата за скептичниот однос кон вакцините во Европа треба да добие пресврт затоа што во спротивно во Европа ќе се вратат епидемиите од полиомелит, туберкулоза или рубеола.

Вакцинирањето станува се помалку задолжително во земјите членки на ЕУ, но еврокомесарот за здравство ја подвлече неопходноста од проширување на програмите за вакцинирање уште од детска возраст.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ