ЕУ ги продолжи санкциите против Русија за уште шест месеци

Од:

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за уште шест месеци, до 15 септември, санкциите против одговорните за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, соопшти Советот на Унијата.

По 24 февруари 2022 година, како одговор на руската воена агресија против Украина, ЕУ масовно ги прошири санкциите против Русија со цел „значително да ја ослабне руската економска база, да ја лиши од критичните технологии и пазари и значително да ја намали нејзината способност да води војна“ се вели во соопштението.

Санкциите, како што се наведува, ќе продолжат да важат за 1.473 поединци и 205 ентитети, од кои многу биле насочени како одговор на тековната неоправдана воена агресија на Русија против Украина.

Советот на ЕУ прецизира дека постојните рестриктивни мерки предвидуваат ограничувања за патување за физички лица, замрзнување на имотот и забрана за ставање на располагање средства или други економски ресурси на наведените физички и правни лица.

„Во заклучоците на Европскиот совет од 9 февруари 2023 година, ЕУ ја повтори својата цврста осуда на руската агресивна војна против Украина, која е јасно кршење на Повелбата на ОН и донесе огромно страдање и уништување на Украина и нејзиниот народ“, се наведува во соопштението и се додава дека „Русија мора веднаш да ја прекине својата брутална војна“.

Европската унија повторува дека ќе стои до Украина „со непоколеблива поддршка сè додека е потребно, и останува непоколеблива во поддршката за украинскиот суверенитет и територијален интегритет“.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски