ЕУ: Економската состојба е подобрена, но мора да се остане внимателен

Од:

Францускиот министер за економија, Бруно Лемер, денеска претседаваше со Советот за економски и финансиски прашања за прв од почетокот на француското претседателство, предизвиците се бројни, јавува дописничката на МИА од Брисел.

dobivaj vesti na viber

Лемер порача дека Европската Унија се гордее со начинот на кој се справи со пандемијата и економската криза предизвикана од неа.

-Успеавме да се справиме колективно со кризата и да ги заштитиме претпријатијата и вработените, изјави Лемер на почетокот на прес конференцијата по министерскиот совет за економски и финансиски прашања.

ЕУ смета дека подобро се соочила со кризата отколку другите сили и успеала да избегне масовен бран на невработувања, но пораката е дека треба да се остане внимателен пред сѐ поради три главни ризици: нови масовни бранови на Ковид-19, економско забавување во Кина и инфлацијата предизвикана од растот на цените на енергијата.

-Донесовме одговори на национално ниво на краток рок, сега е време за мерки на долг рок со фокус на поголема енергетска независност, предупреди францускиот министер.

Потпретседателот на Европската Комисија, Валдис Домбровскис, на иста линија порача дека кризата трае подолго одошто било предвидено, но останува оптимист дека ќе се подобри во текот на 2022 година.

Во наредните месеци една од главните битки ќе се бидат буџетските правила на ЕУ.

Воспоставени во 1992, тие ги обврзуваат земјите членки на ЕУ и посебно членките на еврозоната да го почитуваат златното правило на долг под 60 отсто од БДП и дефицит под три отсто. Во последните 15 години овие правила беа повеќепати ревидирани со оглед на бројните економски кризи, но ковид кризата потврди дека ревизијата ќе мора да биде многу потемелна. На почетокот на кризата во 2020, Европската Унија ги суспендираше овие правила и дозволи поголемо задолжување за државите, но суспензијата ќе биде укината најверојатно во 2023.

Во овој контекст, францускиот министер порача дека не е вистина дека постојат “старите разлики“ помеѓу штедливите земји како Германија и Холандија и другите како Франција или Шпанија и дека тие разлики се сега веќе надминати.

-Сакам да ставам крај на урбаната бриселска легенда за разликите меѓу Кристијан Линднер (германскиот министер за економија, нз) и мене, тоа не е случај, делиме заедничка волја за нов баланс во Пактот за стабилност и раст и ќе работиме во тие рамки за намалување на долговите, нема дебата околу потребата за намалување на јавниот долг, и ако има нова криза треба да изградиме повторно резерви, не создавајте лажни проблеми, нема несогласност меѓу државите, одговори Лемер на новинарско прашање.

Она околу што ќе се кршат копјата, вели Лемер, се ритамот и модалитетите на намалување на јавниот долг, дебата која допрва треба да почне во ЕУ. Министерот истакна дека по оваа криза разликите меѓу јавниот долг на земјите членки изнесува до сто поени.

Во идниот период, за санирање на економијата, ќе бидат потребни и масовни инвестиции во зелената и дигиталната економија, истакна министерот, кој додаде дека ова не може да падне само врз рамењата на јавните инвестиции, туку тие треба да служат како поттик за приватни инвестиции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Француски министер: Ќе бидат потребни 15 или 20 години за Украина да влезе во ЕУ

Ана Ололовска

Борел: Има недостиг од храна низ цел свет, а таму каде што ја има таа е скапа

Мишел: Европската геополитичка заедница би го олеснила процесот на пристапување во ЕУ

Ана Ололовска

Макрон: Европската политичка заедница е надополнување на процесот на пристапување во ЕУ

Ана Ололовска

Де Алмеида: ЕУ нема да ги продолжи преговорите за Брегзит со Велика Британија

Ана Ололовска

ЕУ вложува дополнителни 200 милијарди евра во одбранбените сили

Ана Ололовска