ЕУ денеска додаде 13 физички и пет правни лица, главно учесници во организирањето на сепаратистичките избори во Донбас, на црниот список со санкции поради кризата во Украина, соопштија дипломатски извори во Брисел.
Одлуката е донесена на седница на постојаните претставници од земјите-членки на Унијата. Таа претставува одговор на одржувањето на претседателски и парламентарни избори во самопрогласените „Доњецка Народна Република“ и „Луганска Народна Република“, со што според ЕУ е прекршен договорот од Минск за прекин на огнот.
Имињата на санкционираните физички и правни лица ќе бидат познати в сабота, откако ќе бидат објавени во Службениот весник на ЕУ.