Русија никогаш немала повеќе војници на украинската граница, Брисел „длабоко загрижен“

Од:

Министрите за надворешни работи на ЕУ голем дел од неформалниот состанок одржан во понеделникот го посветиле на Русија и на ситуацијата на украинската граница, каде според информациите на Брисел, се распоредени 150 илјади руски војници.

Ова, според високиот претставник за надворешната политика на ЕУ, Жосеп Борел, е најголемата руска војска досега на украинската граница.

На неформалниот министерски состанок денеска се придружи и украинскиот министер за надворешни работи, Димитри Кулеба, кој ги информирал партнерите за ситуацијата.

-Зголеменото присуство на руската војска на границата е многу загрижувачко, 150 илјади руски војници се наоѓаат на украинската граница и ризикот од ескалација е очигледен. Ја поздравуваме Украина и нејзината воздржана реакција и итно ја повикуваме Русија на деескалација, рече Жосеп Борел денеска на прес конференцијата по состанокот за надворешни работи на ЕУ.

Европската унија ја потврди нејзина недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Министрите разговарале и за влошената здравствена состојба на опозиционерот Алексеј Навални, кој попладнево е пренесен во затворска болница.

Шефот на ЕУ дипломатијата порача дека Навални треба да добие пристап до медицински персонал во кој има доверба.

-Нашата заедничка порака денеска до руските власти е дека тие се одговорни за неговата безбедност и неговото здравје и дека ќе бараме отчет од нив за тоа, предупреди Борел.

Чешкиот министер за надворешни работи ги информирал колегите за одлуката за протерување на осумнаесет руски дипломати од неговата земја поради експлозија во складиште за оружје во 2014. Според информациите на чешките разузнавачки служби, сите тие дипломати биле руски агенти.

Земјите на ЕУ искажале поддршка за Чешка, а земјата од своја страна не побарала координирана акција за протерување на руски дипломати во другите земји членки на ЕУ, потврди Борел.

Би можело да ве интересира

Правила, протоколи, услови и мерки за патување и престој во Грција

Ана Ололовска

Шарл Мишел: Руската листа на непријателски земји ги нарушува дипломатските односи

Ана Ололовска

Москва ги замрзна банкарските сметки на Радио Слободна Европа/Радио Слобода

Ана Ололовска

Одлуката за влез на македонските државјани во Грција официјално во сила, излезе во Службен весник

Жарко Настоски

Дозволен е влез во Грција, надминат проблемот на граничниот премин

Кристијан Ландов

Грција не ја отвори границата, граѓаните во колони со возила останаа на граница

Кристијан Ландов