ЕУ: Бројот на илегални преминувања зголемен за речиси 70 отсто во првите четири месеци од годината

Од:

Во периодот од јануари до април значително повеќе мигранти се обиделе илегално да влезат во ЕУ отколку во истиот период минатата година, покажуваат официјалните податоци, пренесува ДПА.

Регистрирани се вкупно 57.800 вакви случаи, соопшти денеска Агенцијата за заштита на границите Фронтекс. Тој број е за 69 отсто поголем отколку во првите четири месеци од 2021 година.

Во оваа статистика не се вбројуваат воените бегалци од Украина кои влегуваат во ЕУ, нагласува Фронтекс.

Речиси половина од сите илегални гранични преминувања (27.172) се забележани на трасата преку Западен Балкан – зголемување за 130 отсто во споредба со истиот период минатата година. Повеќето имигранти дошле од Сирија и Авганистан.

Повеќе гранични преминувања имало и на трасата преку источниот Медитеран – односно преку Турција кон Грција и Кипар. Фронтекс регистрирал 9109 вакви обиди, што претставува зголемување од 86 проценти. Околу половина од овие илегални преминувања биле обиди за влез на Кипар. Повеќето мигранти дошле од Сирија, Нигерија и Конго.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мишел: Европската политичка заедница не е алтернатива на проширувањето

А1он

ЕУ и Норвешка договорија зголемување на испораката на гас

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Зеленски по кандидатскиот статус на Украина за ЕУ: Најважна одлука во 30-те години независност

Ана Ололовска

Макрон: Историската одлука за Украина е силен сигнал до Русија

Ана Ололовска

ЕУ им додели кандидатски статус на Украина и Молдавија

А1он

Сите бугарски барања се сега дел од преговарачкиот процес, напиша Вархеи на Твитер

Орце Костов