ЕУ би можела да воведе нови санкции за Белорусија: Русија мора да биде сè поизолирана

Од:

Чешкиот премиер Петр Фиала, чијашто земја во моментов претседава со Европската унија, по неговото враќање од Киев изјави дека ЕУ може да ја санкционира и Белорусија, сојузникот на Русија, поради нејзината улога во конфликтот во Украина.

Белорусија вели дека не сака директно да се вклучи во војната, но дозволува руски војници да бидат стационирани на нејзина територија, која Русија ја користеше како задна база за нејзината инвазија на Украина кон крајот на февруари.

„Сега ја испитуваме улогата на Белорусија и потенцијалната потреба таа да стане цел“ на санкции, изјави Петр Фиала пред новинарите по враќањето од Киев, каде што вчера беше со министрите на разговори со украинските колеги.

„Русија мора да биде се’ повеќе и повеќе изолирана. Знаеме дека санкциите функционираат, тоа го гледаме од многу податоци и без сомнение мора да продолжиме. Мораме да разбереме дека нападите врз Украина се извршени од белорускиот воздушен простор и дека Белорусија ја снабдува Русија со оружје“, изјави чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски.

Чешката влада претходно објави дека на 31 октомври во Киев ќе се одржи заеднички состанок со украинската влада.

„Некои санкции против Белорусија се веќе на сила, но не можеме да прифатиме дека Белорусија ја поддржува руската политика или дека Русија го заобиколува ефектот на санкциите преку земји како Белорусија“, додаде Фиала.

ЕУ воведе осум пакети санкции, главно насочени кон руската индустрија и поединци, од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина