ЕУ: Aвионите Ф-16 ќе завршат на украинското бојно поле

Од:

САД дадоа „зелено светло“ да им дозволат на украинските пилоти да летаат на обуката Ф-16, со тоа се создаде динамика што неизбежно ќе донесе борбени авиони на украинското бојно поле, рече шефот за надворешна политика на ЕУ.

– Знаете, секогаш е исто, разговараме, на почетокот сите се колебливи – изјави Жозеп Борел.

Тој даде пример за долгата дебата и првичното противење за испраќање напредни борбени тенкови „Леопард“ во Украина. Борел рече дека обуката за украинските пилоти веќе започнала во Полска и во некои други земји.

Таква обука планираат и Холандија, Данска и други земји.

Не е донесена одлука за фактичката испорака на борбените авиони од четвртата генерација, но сегашната обука на пилоти, процес кој обично трае неколку месеци, ќе помогне да се забрза борбената готовност откако ќе се донесе официјална одлука.

Би можело да ве интересира

„Забраната за влез на автомобили со руски регистарски таблички во земјите на ЕУ е нацизам“

Објавен таен документ: Ова се целите на САД во Украина

Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанок во Киев

„Идиоти“, „високорангирани морони“ и „уште една будала“

Катерина Ѓуровски

Синот на Пригожин се обидува да го преземе Вагнер

Катерина Ѓуровски

Колку чини војната во Украина – ден на бојното поле Америка го плаќа со 86 милиони долари