ЕТА планира да се разоружа до осми април

Од:

Баскиската сепаратистичка организација ЕТА планира да се разоружа до осми април и да ги предаде координатите од местата каде имаат скриено оружје, изјави неименуван извор близок до преговорите.

– Има иницијатива и таа предвидува до осми април ЕТА да се разоружа по повеќе од 50 години од нејзиното формирање, посочи неименуваниот извор.

Во октомври 2011 година ЕТА најави дека сака целосно да се откаже од насилството по повеќе од 40 години вооружена борба за независноста на Земјата на Баскијците и Навара.

ЕТА последниот напад го изврши во 2010 година на француска територија, при што загина еден полицаец, Вкупниот број на жртви од насилството на ЕТА изнесува 829 лице.

ЕТА се откажа од разоружување со цел за подобра позиција во преговорите со шпанските и француските власти за судбината на своите членови кои се во затвор. Мадрид и Париз ги откажаа сите преговори и инсистираа на безусловно распуштање на ЕТА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Најмалку 13 повредени во пожар во станбена зграда во Валенсија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Валенсија

Горан Наумовски

Во Шпанија разбиен огранок на балкански нарко-картел

А1он