Рускиот претседател Владимир Путин не ги постигна своите цели во Украина, изјави естонскиот министер за одбрана, Кале Лаанет.
„Сметам дека тој не ги постигна своите цели во Украина – мора да прави поголем проблем, мора да оди понатаму“, изјави Лаанет на маргините на специјалниот состанок на министрите за одбрана на НАТО.
Лаанет забележа дека ескалацијата од страна на Русија „би можела да дојде на Балтикот или на другата страна“, очигледно алудирајќи на останатите држави што се граничат со Русија.
Естонскиот министер за одбрана го повика НАТО да стори повеќе во одбраната на Украина, за која рече дека се наоѓа „на првата линија на фронтот за одбрана на нашите демократски вредности“.
Извор: МИА