Естонски министер поднесе оставка затоа што го нарече Бајден корумпиран

Од:

Естонскиот министер за внатрешни работи Март Хелме денеска поднесе оставка, еден ден откако новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и неговиот син Хантер ги нарече „корумпирани ликови“, без да обезбеди докази.

– Синоќа одлучив да поднесам оставка откако ги видов лажните вести објавени во естонските медиуми, рече Хелме, член на Конзервативната народна партија (ЕКРЕ).

Тој додаде дека е уморен од се.

– Не направив ништо што би ја загрозило безбедноста на Естонија. Не реков ништо што не беше кажано во американските медиуми. Во слободните американски медиуми, изјави тој за јавниот сервис ЕРР.

Естонскиот премиер Јури Ратас вчера преку Фејсбук ги повика Хелме и неговиот син Мартин да „престанат да даваат неосновани изјави што можат да ги нарушат односите меѓу Естонија и САД“.

Ратас му ја честиташе победата на Бајден, велејќи дека изборите беа „слободни, фер и транспарентни“.

Партијата ЕКРЕ, во чие основање учествуваше и Хелме, од март 2019 година до денес стана третата најголема партија во Естонија, а во јули претседателството на партијата го презеде неговиот син Мартин.

Таткото и синот вчера гостуваа во една радиоемисија во која Мартин Хелме рече дека „нема сомнеж оти изборите во САД биле наместени“ и дека „ако ова помине, тогаш Америка веќе нема Устав“.

Мартин Хелме денеска се правдаше со зборовите дека она што го рекол е исто со она што го велат медиумите во САД, но дека „медиумите во Естонија не му ја кажуваат целата вистина на естонскиот народ, но тој им ја кажал“.

Би можело да ве интересира

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Русија распиша потерница за естонската премиерка

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

Орце Костов

Естонија ја обвини Русија дека го поттикнува приливот на мигранти

Горан Наумовски

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија

А1он