Естонија сака дел од Ленинградската област

Од:

Претседавачот со естонскиот Парламент, Хен Пилуас, изјави дека Тартускиот мировен договор од 1920 година, што бил склучен со Советска Русија се уште е во правна сила.

Пилиуас нагласи дека договорот има важност и за прашањето на границите меѓу државите, се наведува во неговата новогодишна честитка објавена на сајтот на парламентот.

Тој потсети дека на 2 февруари се навршуваат 100 години од потпишувањето на мировниот договор од Тартус, по што била воспоставена „ руско-естонската граница“. Според него, Естонија по обновата на независноста е призната како наследничка на државата формирана во 1918 година, „во сите манифестации, вклучувајќи ја и државната граница“, наведуваат руските медиуми.

Ова не е прва ваква изјава на естронскиот политичар. Во ноември минатата година Пилиуас побара од Москва да ги врати анектираните територии од оваа балтичка држава.

Според тартускиот договор, што Советска Русија и Естонија го потпишале во 1920 година, дел од Ленинградската и Псковската област им биле доделени на Естонија. Овие територии им биле вратени на Советскиот сојуз во 1944 година.

Тартускиот договор Москва го смета за историски документ што нема правна сила, додека Талин тврди дека спогодбата и натаму има важност.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски