Естонија бара начин како на Украина да се испорачаат замрзнатите руски финансиски средства

Од:

Естонија работи на механизам со кој ќе може да се префрлат замрзнатите руски финансиски ресурси од Естонија во Киев со цел да се финансира закрепнувањето на Украина, изјави естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу.

Во интервју за естонскиот весник Postimes, тој изјави дека во таа земја се замрзнати 17 милијарди евра руски средства, но дека и покрај тоа што членките на ЕУ и дадоа инструкции на Европската комисија да изработи правна рамка за трансфер на пари од Естонија во Украина, не е постигнат голем напредок по ова прашање, пренесува ТАСС.

Руската државна агенција посочува дека по почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина минатата година, Западот воведе сеопфатни санкции против Русија и ја зголеми испораката на оружје за властите во Киев во вредност од десетици милијарди долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ја убил мајка си, нејзиното тело го исекол на парчиња и ги фрлил во контејнери низ Одеса

Руски амбасадор ја негира улогата на Москва во експлозијата на браната

ЕУ за уништената брана во Украина: Ова е варварска, ужасна ескалација на руската агресија

(ВИДЕО) Украинските власти до граѓаните на областа Херсон: „Ве молиме направете сè, бегајте сега“

Горан Наумовски

Русија предупредува: Радиоактивниот облак се движи кон Европа поради уништената муниција со осиромашен ураниум

(ВИДЕО) Претседателот на Италија до Зеленски: Целосно сме со вас

Ана Ололовска