Еспер: Политичкиот договор и понатаму е решение за Северна Кореја

Од:

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер изјави дека за САД политичкиот договор за денуклеаризација е најдобар пат за решавање на прашањето Северна Кореја, додавајќи оти американските сили се подготвени да се борат ако е неопходно.

– Ние го повикавме Ким Џонг-ун на воздржаност, посочи Еспер.

Ким претходно изјави дека нема повеќе основа Пјонгјанг да се придржува до мораториумот за интерконтиненталните балистички ракети и тестирање на нуклеарни бомби. Тој најави и дека ново стратешко оружје ќе биде претставено во блиска иднина.

Неименуван американски претставник изјави дека нема индиции оти Северна Кореја се подготвува за тестирање на ракети со долг дострел во блиска иднина.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност