Еспер одобри 3,6 милијарди долари од воениот буџет за изградба на ѕидот на границата со Мексико

Од:

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер одобри 3,6 милијарди долари од воениот буџет за изградба на ѕидот од 282 километри на границата со Мексико, поради што Пентагон одложи спроведување 127 проекти.

Официјалните лица не сакаа да кажат точно кои проекти се одложени, но рекоа дека дел од парите се одвоени од воените проекти на САД и дел од проектите во странство.

Таа одлука ја отвори повторно дебатата за ѕидот меѓу претседателот Трамп и Конгресот.

Трамп претходно ги искористи своите овластувања и прогласи вонредна состојба на границата со Мексико, што му овозможи да искористи пари за ѕидот од федералниот буџет без одобрение од Конгресот.

Конгресот подоцна гласаше за поништување на одлуката на Трамп и тој за првпат во мандатот го искористи своето право на вето.

Иако Пентагон тврди дека проектите не биле откажани, туку само „одложени“, нема гаранција дека Конгресот ќе ги одобри парите за проектите што сега се запрени.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Силен земјотрес го погоди Мексико