Еспер ја смени одлуката: Војската останува во Вашингтон

Од:

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер ја поништи претходната одлука на Пентагон да се вратат дома неколку стотици војници од Вашингтон, во момент на зголемени тензии со Белата куќа околу воениот одговор на протестите.

Воениот секретар Рајан Мекарти изјави дека добил известување за наредбата на Пентагон околу 200 припадници на 82-та воздухопловна единица за брзо реагирање да се вратат дома, а неколку часа подоцна бил информиран дека Еспер ја сменил таа одлука.

Мекарти истакна дека дознал за промената на одлуката по состанокот на Еспер во Белата куќа и по разговорите кои ги имал во Пентагон. Не е познато дали Еспер се сретнал со американскиот претседател Доналд Трамп.

Воениот секретар верува дека Еспер ја сменил својата одлука со цел да гарантира дека постои доволно голема воена поддршка во случај да избијат какви било проблеми за време на протестите.

Одлуката војниците да останат на своите позиции следува откако раководството на Пентагон продолжува да инсистира дека не треба да се употребува сила за спречување на протестите.

Околу 1.300 војници на активните воени сили се испратени во Вашингтон на почетокот на оваа недела, бидејќи протестите кои се одржуваат поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, прераснаа во насилство.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност