Ерусалим: Убиен Евреин кај Ѕидот на плачот

Од:

Израелски полицаец уби еврејски посетител пред Ѕидот на плачот во Ерусалим, сметајќи дека е палестински борец, соопшти полицијата.

– Евреинот се наоѓал во близина на тоалетот и од непозната причина извикал дека Алах е голем, по што чуварот извадил оружје и пукал во осомничениот- изјави портпаролот на полицијата Мики Розенфелд.

Инцидентот се случил околу 8.00 часот по локално време, додека пред Ѕидот на плачот имало голем број верници на утринска молитва.

Чуварот по несреќата изјави дека помислил дека четириесет и шестгодишниот човек сака нешто да извади од џебот додека викал, што не е повик за собирање на муслиманите.

Локалните медиуми пренесуваат дека кај убиениот не е пронајдено ништо сомнително.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ