ВИДЕО: Еруптираше вулканот Етна – откажани сите летови

Од:

Речиси 80 летови од Катанија што беа планирани за денеска, се откажани, а многу патници останаа заробени на Сицилија по ерупцијата на вулканот Етна.

На патниците единствено им останува ситуацијата да се смири и небото да биде погодно за летање.

Етна, најактивниот вулкан во Европа, еруптираше во неделата и исфрли пепел врз Катанија, најголемиот град во источна Сицилија.

Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV) соопшти дека облаците и дождливите денови го отежнуваат следењето на ерупцијата, некогаш спектакуларен приказ на оган и лава.

– Пепел падна на Катанија и на град на падините на Етна. Нема извештаи за повредени. Мониторингот забележал докази за зголемена активност на тремор во последните денови – соопштија од институтот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди северна Италија

Тело на новороденче пронајдено на брод со мигранти во Италија

Се нудат 15 илјади евра и куќа за едно евро-Италија со нов повик за 3000 странци

Предраг Петровиќ

Воз налетал на работници додека поправаа пруга во Италија, петмина загинаа

Горан Наумовски

Силно невреме на северот на Италија, ветерот ги носеше покривите

Горан Наумовски

Повредени повеќе од десет украински туристи во судар на автобус и камион во Италија

Горан Наумовски