Ерупција на вулканот Попокатепетел во Мексико

Од:

Мексиканскиот Национален центар за спречување на природни катастрофи „Cenapred“ информира за ерупција на најголемиот вулкан Попокатепетел.

Столбот од пепел што се кренал достигнал височина од три километри, јавуваат агенциите.

„Во 6:33 часот беше регистрирана експлозија со умерена содржина на пепел. Ѕидот од чад и пепел во воздухот достигна височина од три километра во правец кон североисток. Прогласено е жолто ниво на опасност или фаза два“.

„Cenapred“ преку соопштение на Твитер препорача луѓето да не се  доближуваат до вулканот. Властите забранија приближување до кратерот на вулканот на помалку од 12 километри.

“Жолтото ниво” за опасност не вклучува евакуација или прекин на активностите во реонот на вулканот.

Попокатепетел, чие име преведено од јазикот на Ацтеките значи “планина што чади”, се наоѓа на 50 километри од Мексико Сити.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата