Ерупција на вулкан во Јапонија

Од:

Вулканот на јапонскиот остров Кучиноерабу се активира, соопшти Метеоролошката агенција на Јапонија, но нема информации за евентуални жртви.

Во ерупцијата летале камења на растојание 300 метри од кратерот на планината Шинтаке, но не е издадена наредба за евакуација на населението.

Жителите на островот, околу стотина, се предупредни да не се приближуваат повеќе од два километра до вулканот.

Тоа е прва ерупција по 2 февруари минатата година на тој остров, со површина од 36 квадратни километри.

Во мај 2015 година сите жители на островот Кучиноерабу биле евакуирани поради експлозивни ерупции на вулканот.

Би можело да ве интересира

Израел забранува слетувања на авиони од Јапонија и од Јужна Кореја

Ана Ололовска

Јапонија: 14 нови заболени од Ковид-19

Ана Ололовска

Меѓу евакуираните Американци од бродот во Јапонија, 14 позитивни на коронавирусот

А1он

Патниците од крузерот „Дајмонд прицес“ се подготвени да преминат во карантин во Јапонија

Драган Поповски

Прва жртва на коронавирусот во Јапонија

Ана Ололовска

Силен земјотрес во Јапонија

Ана Ололовска