Ерупција на вулкан на островот Јава

Од:

Повеќе од 550 жители на едно село ги напуштиле своите домови поради ерупција на вулканот Семеру во источниот дел на островот Јава, соопшти индонезиската Агенција за управување со вонредни ситуации.

Засега нема информации за евентуални жртви, но за евакуираното население итно се потребни маски и храна.

– Со подготвува јавна кујна, а здравствените власти делат маски, за што им помагаат војската и полицијата, се наведува во соопштението на Агенцијата.

Семеру е втор индонезиски вулкан кој се активира во изминатите неколку дена.

Во неделата, властите издадоа портокалово предупредување за вулканот Леватоло на островот Лембата по серијата ерупции. Поради тоа 2.782 жители кои живееле во близина на вулканот морале да бидат евакуирани, а аеродромот Вонопито бил затворен по ерупциите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Туристи не носеле маски на Бали, по казна прават склекови

Жарко Настоски

ВИДЕО: Етна еруптира лава и пепел до 100 метри во височина

Ана Ололовска

Во земјотресот на Сулавеси загинаа најмалку 78 луѓе

Бројот на жртвите од земјотресот во Индонезија се зголеми на 56, повредени се 826 лица

ВИДЕО: Најмалку 34 луѓе загинаа во силниот земјотрес во Индонезија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Најмалку десетмина загинати при земјотрес во Индонезија

Ана Ололовска