Ерменски град ставен во карантин

Од:

Во Ерменија под целосен карантин е ставен градот Багаршапат, што има околу 46.000 жители, со цел да се запре ширењето на новиот коронавирус, соопшти денеска премиерот Никол Пашињан.

Во Ерменија досега се регистрирани 28 инфицирани лица, од кои 18 од Вагаршапат, еден од најважните релгиозни и културни центри. Вагаршапат се наоѓа 30 километри западно од Ереван.

Мерката предвидува дека локалните жители ќе можат да го напуштат градот само откако ќе им се измере телесна температура.

Пашињан истакна дека дополнително ќе се разговара за пролонигирање на референдумот за уставни реформи, што е закажан на 5 април.

Во Ерменија во моментот 200 лица се под карантин. Првиот случај на Ковид-19 беше регистриран на 1 март, откако пациентот оздраве.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска