Ерменија од Азербејџан бара ослободување на сите заробеници од Нагорно Карабах

Од:

Ерменија го повика Азербејџан да ги ослободи сите воени заробеници, пет месеци по завршувањето на борбите околу регионот Нагорно Карабах.

– Овој проблем не е решен, изјави вчера во Москва ерменскиот премиер Никол Пашињан на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Ерменија „за жал сè уште има затвореници во Азербејџан“.

Покрај тоа, тој истакна дека размената на заробени војници и цивили е договорена со спогодба меѓу двете земји во ноември минатата година, со посредство на Русија.

Азербејџан тврди дека сите затвореници биле ослободени во согласност со договорот, но нивното Министерство за надворешни работи, исто така, соопшти дека „борците испратени од Ерменија на териториите на Азербејџан“ по завршувањето на борбите над регионот Нагорно Карабах не биле опфатени со договорот.

Во краткиот конфликт помеѓу 27 септември и 9 ноември минатата година во Нагорно Карабах, Азербејџан поврати големи делови од територијата што ја изгуби во раните 90-ти.

Повеќе од 6.000 луѓе се убиени во конфликтот. Ерменија ја смета Русија за свој заштитник, додека Азербејџан е поддржан од Турција.

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“