Ердоган тврди дека Морси е убиен

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган тврди дека поранешниот египетски претседател Мохамед Морси, кој почина за време на судење, е убиен.

Ердоган вети дека ќе вложи напор со цел на египетската Влада да и се суди на меѓународни судови поради смртта на Морси, кој, според официјалните информации, почина од срцев удар во суд во Каиро.

Во говор на предизборен собир во Истанбул, Ердоган рече дека Морси „не починал, туку е убиен“ и ја повика Организацијата за исламска соработка да реагира на смртта на Морси.

Тој додаде дека тоа прашање ќе го постави на самитот на Г-20 во Јапонија кон крајот на месецов.

Морси почина во понеделникот од срцев удар откако се онесвестил за време на судење под обвинение за шпионажа.

Би можело да ве интересира

Турскиот Парламент ја осуди резолуцијата на американскиот Сенат за геноцидот врз Ерменците

Американскиот амбасадор во Турција повикан на разговор поради резолуцијата на Сенатот за геноцидот врз Ерменците

Давутоглу ја регистрираше Партијата на иднината

Анкара со остра реакција на американските антитурски санкции

Ана Ололовска

Телефонски разговор на Путин и Ердоган за билатералните односи и Сирија

Ел-Сиси апелира на акција против земјите поддржувачи на тероризам