Ердоган тужеше германски политичар кој го нарече „стаорец од канализацијата“

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднесе кривична пријава против германскиот политичар Волфганг Кубицки, кој го нарече „канализациски стаорец“.

Адвокатот Мустафа Каплан изјави за ДПА дека поднел кривична пријава во име на Ердоган до државното обвинителство во Хилдесхајм за навреда и клевета.

Кубицки, политичар од Слободните демократи, го нарече Ердоган „мал канализациски стаорец“ додека ја коментираше имиграциската политика на турскиот лидер.

На прашањето на ДПА, заменик-претседателот на партијата рече дека не е загрижен за можен правен спор со Ердоган.

Според извештајот на магазинот Шпигел, во писмото на Каплан до јавното обвинителство се тврди дека изјавата на Кубицки е „омаловажување на засегнатото лице“ и „незаконски напад на честа на друго лице“.

Турција поради изјавата го повика германскиот амбасадор

Анкара веќе го повика германскиот амбасадор поради изјавата на Кубицки.

„Фактот дека Ердоган имаше околу 200.000 вакви постапки покренати од почетокот на неговиот мандат во 2014 година навистина кажува се“, рече денеска Кубицки.

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Тежок пораз на Ердоган на изборите

Ердоган: Дајте и шанса на дипломатијата, Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да го запре угнетувањето во Газа