Ердоган: Турција се подготвува за нов гасен центар преку кој ќе доставува гориво во Европа

Од:

Турција се подготвува за создавање гасен центар преку кој ќе се доставува гориво во Европа, изјави турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган.

Неговиот говор денеска беше емитуван на телевизијата ТРТ. „Рускиот претседател Владимир Путин, како што знаете, предложи природен гас да се доставува до Европа преку Турција. Се подготвуваме во оваа насока“, рече Ердоган.

На форумот „Руската енергетска недела“, тој наведе дека е можно да се изгради уште еден систем на гасоводи и да се создаде центар во Турција преку кој ќе се снабдува гас за трети земји, особено европските, доколку покажат интерес за тоа. Ова прашање беше разговарано за време на средбата на Путин со Ердоган во Астана на 13 октомври во рамките на Самитот за интеракција и мерки за градење доверба во Азија.

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица