Ердоган: Терористите на ЈПГ и нивните оружја ќе бидат отстранети надвор од зоната за деескалација

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Таjип Ердоган, истакна дека „терористите на терористичката организација ЈПГ и нивните оружја ќе бидат отстранети надвор од зоната од 30 километри во Сирија“, јави агенцијата Анадолија.

Ердоган и претседателот на Русија Владимир Путин, по состанокот одржан во претседателската канцеларија во рускиот град Сочи, одржаа заедничка прес-конференција на која турскиот претседател изрази очекување дека „Уставниот комитет на Сирија ќе го отвори патот за сеопфатна политичка промена во рамки на легитимните и праведните очекувања на Сиријците“.

– Состојбата во Зоната за деескалација во Идлиб беше на дневниот ред на нашата средба. Задоволувачки е да видиме дека во оваа фаза во Идлиб е обезбедена релативна смиреност и се забележува намалување на нападите, рече Ердоган.

– Ние сме земја која во последните осум и пол години прифативме 350.000 курдски и три милиони и 650 илјади сириски браќа. Веќе треба да направиме чекори преку кои ќе се исполни нивниот копнеж за својата татковина, ја пренесува Анадолија изјавата на Ердоган.

Тој нагласи дека со Путин постигнале историски договор во насока на осигурување на територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија, како и за враќањето на бегалците.

– Заклучно со 12:00 часот на 23 октомври, во рок од 150 часа терористите на ЈПГ и нивните оружја ќе бидат отстранети надвор од зона од 30 километри, нагласи турскиот претседател, истакнувајќи дека сите терористи на ЈПГ во Тел Рифат и Мунбич, заедно со нивните оружја, ќе бидат отстранети надвор од оваа зона, јави агенцијата Анадолија.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски