Ердоган со повик до демонстрантите да се повлечат од паркот Гези во Истанбул

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган повика денеска демонстрантите да се повлечат од централниот истанбулски парк Гези по 12 дена протести.

– Ве повикувам да се повлечете од паркот и ве молам како премиер, рече Ердоган на состанок на парламентарна пратеничка група на партијата на правдата и развојот.

Според него, загрозена е турската економија заради целокупната ситуација во државата и постоењето „намери да се наруши имиџот на Турција што е дел од систематски план“.

Стотици специјалци денеска дојдоа на плоштадот Таксим во Истанбул и со водени топови и солзавец ги растераа демонстрантите бидејќи слична акција ноќеска беше спроведена во Анкара.

Полицијата употреби солзавец врз демонстрантите како и гумени куршуми за да ги натера да побегнат од плоштадот кон блискиот парк Гези каде ноќеска кампуваа. Дел активисти возвратија со ракети за огномет, противпожарни бомби и камења врз полицијата, јавуваат западни медиуми.

– Што очекуваат демонстрантите, да молам пред нив? запраша Ердоган во обраќањето кон парламентарците до својата партија каде често беше прекинуван со аплаузи, јави Би-Би-Си.

– Ги повикувам оние што се искрени да се повлечат оттаму и тоа го очекувам од нив како премиер, нагласи Едоган.

– Тројца млади луѓе и еден полицаец загинаа во тие настани. Не е можно она што се случи да биде разгледано како невин отпор, додаде Ердоган.

Тој ги обвини странските медиуми дека имаат заедни намери и рече дека турската економија директно била цел на настаните.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски