Ердоган смета дека е можно да се отвори коридор за извоз на жито од Украина

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека верува во отворање коридор за извоз на украинско жито на светските пазари.

За време на средбата со Бајден на маргините на самитот на НАТО, Ердоган рече дека се обидува да го реши процесот со „политика на балансирање“.

„Се надеваме дека оваа политика на рамнотежа ќе доведе до резултати и ќе овозможи што е можно поскоро извоз на жито преку коридори во земјите кои во моментов се соочуваат со недостиг“, рече тој.

Турција одигра централна улога во преговорите со Русија и Украина во обид да се постигне договор што ќе овозможи зголемување на количината на жито што може да се извезе од Украина во екот на конфликтот.

За време на средбата, Бајден го поздрави Ердоган што се откажа од противењето на Финска и Шведска да влезат во НАТО и за „неверојатната работа што ја прави во обидот да се извезе жито од Украина“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев