Ердоган: Шведска и Финска мора да депортираат или екстрадираат 130 терористи во Анкара

Од:

Шведска и Финска мора да депортираат или екстрадираат 130 терористи во Турција пред турскиот Парламент да ги одобри кандидатурите на Стокхолм и Хелсинки за влез во НАТО, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој рече дека за да помине барањето за членство во НАТО во турскиот Парламент, Шведска и Финска мора да екстрадираат повеќе од 100 и околу 130 терористи.

Финските политичари го протолкуваа барањето на Ердоган како одговор на инцидентот во Стокхолм минатата недела кога кукла со ликот на Ердоган беше обесена за време на протест.

– Ова мораше да биде реакција, верувам, на настаните од изминатите неколку дена, изјави финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто.

Тој рече дека не знаел за новите официјални барања од Турција.

Како одговор на инцидентот во Стокхолм, Турција ја откажа планираната посета на Анкара на претседателот на шведскиот Парламент Андреас Норлен, кој вчера отпатува за Хелсинки.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон вчера рече дека неговата земја е во „добра позиција“ да обезбеди Турција да ја ратификува кандидатурата на Стокхолм за НАТО.

Портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин пред два дена рече дека истекува времето за турскиот Парламент да ги ратификува кандидатурите на Шведска и Финска за влез во НАТО пред претседателските и парламентарните избори кои се очекуваат во мај.

Турција најави дека особено Шведска мора прво да ги екстрадира Курдски милитанти и групи кои Анкара ги обвинува за обидот за пуч во 2016 година.

Минатата година во мај двете нордиски земји поднесоа барање за влез во НАТО по руската инвазија на Украина, а нивното барање мора да биде одобрено од сите 30 земји-членки на Алијансата. Досега тоа го направиле 28 од нив, освен Турција и Унгарија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски