Ердоган: Кризата со САД може да се надмине заради моите односи со Трамп

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неговата лична поврзаност со американскиот колега Доналд Трамп може да помогне во надминувањето на кризата во односите меѓу двете земји, предизвикана од одлуката на Анкара да ги купи руските одбранбени системи „С-400“.

Ердоган кажа и дека со Трамп ќе разговара за можностите Турција да ги купи од САД системите „Патриот“.

По одлуката на Турција да ги купи руските системи „С-400“, Стејт департментот соопшти дека завршила понудата за купувањето на американските одбранбени системи „Патриот“.

Ердоган, меѓутоа, за британските медиуми изјави дека со Трамп пред две недели веќе разговарал за купување на „Патриот“, како и дека со него на оваа тема ќе разговара и кога подоцна овој месец ќе се сретнат на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

-Му кажав, без разлика на тоа колку „С-400“ ќе добиеме, ние можеме од нив да купиме одредено количество „Патриоти“, но кажав и дека мораме да видиме какви ќе бидат условите, за нивните системи барем малку да се слични со „С-400“, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

НАТО нема воено да ја поддржи Турција во Идлиб

Ана Ололовска

Соперниците на Блумберг го обвинуваат дека сака да го купи гласањето на изборите

Ана Ололовска

Блумберг разгледува опции Хилари Клинтон да биде потпретседател

Ана Ололовска

Трамп до Русија: Престанете да ги поддржувате ѕверствата на Асад во Сирија

Ана Ололовска

Трамп со закани да не споделува информации со европски држави што работат со „Хуавеи“

Ана Ололовска

Од сезонскиот грип во САД починале 14.000 лица

Ана Ололовска