Ердоган ја повика Русија да не ја напаѓа Украина

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ја повика Русија да не ја „напаѓа“ Украина.

– Русија треба да ја преиспита ситуацијата во светот и сопствената ситуација пред да се одлучи на таков чекор, изјави Ердоган пред новинарите по посетата на Албанија.

Тој истакна дека евентуална руска инвазија на Украина би била грешка бидејќи, како што наведе, Украина не е обична земја.

– Украина е силна држава, нагласи турскиот претседател

Москва, која го анектираше украинскиот полуостров Крим во 2014 година, негира дека планира напад врз Украина, но го предупреди Западот дека проширувањето на НАТО кон таа и другите поранешни советски земји претставува „црвена линија“ што не смее да се премине.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси