Ердоган повторно и се закани на Грција: „Турција може да дојде кај вас одеднаш една ноќ“

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го искористи својот говор на самитот на Г20 како можност повторно да и се закани на Грција. Тој им рече на новинарите дека Турција „може да дојде ненадејно една ноќ“ и дека соседната земја треба „да внимава на своето место“ и „да се сеќава на историјата.

Во последниве месеци, Ердоган ја засили својата реторика против Грција поради, како што тврди Анкара, заканата од зголемено воено засилување на грчките острови во Егејското Море во близина на турскиот брег. Во говорот на Бали, турскиот претседател го нарече зголеменото воено присуство на Грција „бесмислено“, пренесува Политико.

Минатиот септември, Ердоган веќе рече дека Турција може да „дојде одеднаш една ноќ“, што ја натера Атина да ги спореди заканите со руската инвазија на Украина.

„Ризикуваме повторно да бидеме сведоци на ситуацијата што моментално се развива во друг дел од нашиот континент“, напиша тогаш грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во писмата до НАТО, ЕУ и Обединетите нации.

Во септември, ЕУ изрази загриженост поради коментарите на Ердоган, додека американскиот Стејт департмент ги нарече „безопасни“ и повтори дека суверенитетот на Грција над островите во Егејското Море „не е доведен во прашање“.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра