Ердоган: Грција ги крши правата на турското малцинство во Тракија

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во денешната изјава по повод 99-годишнината од Договорот од Лозана ја обвини Атина дека ги прекршила одредбите од Договорот за правата на турското малцинство во Тракија.

– Условите кои се дел од Договорот, посебно правата на турското малцинство, се игнорираат или намерно се менуваат. Невозможно е нашата земја да прифати таква ситуација, која е во спротивност со нашите добрососедски односи и придржувањето кон Договор, истакна Ердоган.

Во Тракија муслиманите се 32 отсто од населението, меѓу кои мнозинство се етнички Турци, Роми и Помаци.

Договорот од Лозана, потпишан во 1923 година од новоформираната Република Турција и сојузниците по Првата светска војна, ги регулираше правата на преостанатите муслимански малцинства во Грција и на христијаните во Турција, по остри конфликти меѓу двете земји и размена на население.

Договорот, исто така, ја регулира власта на Грција врз островите во Егејското Море во близина на турскиот брег. Анкара неодамна се пожали дека Грција го прекршува Договорот од Лозана со милитаризирање на тие острови. Грција одговори дека постапува во согласност со меѓународното право и ја брани територијата, што е под постојана турска закана.

Минатиот месец Ердоган се повлече од разговорите на високо ниво со Атина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган: Дајте и шанса на дипломатијата, Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да го запре угнетувањето во Газа

Ердоган: Замижуваат пред масакрите, западните земји паднаа на тестот во Газа, го изгубија кредибилитетот

А1он

Ердоган: Верувам дека Израел ќе биде осуден за геноцид

Вербална војна меѓу Ердоган и Нетанјаху

Ердоган: Светот очекува САД да го запрат Израел