„Ер Франс“ најави дека ќе укине 7.500 работни места поради пандемијата

Од:

Француската авиокомпанија „Ер Франс“ и нејзиниот регионален огранок „Хоп“ објавија дека укинуваат 7.500 работни места, бидејќи повеќето од летовите се прекинати поради пандемијата.

Активисти од неколку синдикати протестираа пред седиштето на „Ер Франс“ на централниот аеродром „Шарл де Гол“ во Париз, за ​​време на денешните преговори за работните места во француската национална авиокомпанија. Синдикатите беа гневни бидејќи француската Влада не побара од авиокомпанијата да ги заштити работните места кога во мај доби државна помош од седум милијарди евра.

Работниците предупредија дека намалувањето на работните места силно ќе влијае на француската економија и изјавија дека државната помош треба да се искористи за обнова на компанијата наместо луѓето да ги загубат своите места.

По целодневните преговори со претставниците на вработените, раководството на компанијата објави дека до 2022 година ќе скрати околу 6.500 од 41.000 работни места во „Ер Франс“ и 1.000 од 2.400 во огранокот „Хоп“.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски