Епстajн подведувал малолетничка на сексуални односи со гувернери, сенатори, „еден министер за надвореши работи“ и „добро познат премиер“

Од:

Џефри Епстајн, милијардер и сопственик на инвестициски фонд, обвинет за педофилија и злоставување малолетни лица, изврши самоубиство, јави „Ен-Би-Си“ повикувајќи се на три официјални лица запознати со случајот, а во меѓувреме се открија нови детали од судењето на поранешниот член на њујоршкиот џетсет.

Се наведува дека Епстајн бил најден обесен во Казнено-поправниот центар Метрополитен во Менхетн. Неговото тело било најдено во безживотна состојба утрово во 7:30 часот по локално време.

Епстајн претходно беше ставен под засилен надзор поради самоубиствени тенденции откако на 23 јули беше најден онесвестен на подот од неговата ќелија со модрици на вратот.

Инаку, во дел од најново достапните документи од судењето, од околу 2. 000 страници се дознава дека тужители го обвинија него и негови соработници за подведување малолетна девојка, во документите позната како Вирџинија Робертс Гуфри, на полови односи со личности од високиот бизнис и политика.

Како што дознава „Ен-Би-Си“, Гуфри, сега на возраст од 36 години, имала полови односи со поранешниот гувернер на сојузната држава Њу Мексико, Бил Ричардсон, и со поранешниот сенатор на Мејн, Џорџ Мичел.

Епстајн и неговата соработничка од Велика Британија, Џизлејн Максвел, ја принудиле Гуфри на сексуални односи и со такви лица како агентот од агенција за модели, Жан Лук Брунел, менаџерот со финансии, Глен Дубин и Марвин Мински, починат професор од Масачусетски институт за технологија (МИТ).

Според документите, списокот на лица е долг и во него фигурираат еден „министер за надворешни работи“ и „добро познат премиер“.

Кортни Вајлд е друга жртва, од долгиот список на тужители, која синоќа имаше обраќање пред судот.

Поранешниот гувернер на Њу Мексико и сенаторот од Мејн веднаш ги демантираа изнесените тврдења.

Инаку, Епстајн беше уапсен од полицијата во Њујорк на почетокот на јули. Обвиненијата за злоставување и продажба на малолетни лица за сексуални услуги ја разбрануваа јавноста во САД, пред се поради врските на милијардерот со високопоставени лица како американските претседатели, поранешниот Бил Клинтон и актуелниот Доналд Трамп, или принцот Ендрју од Британија, син на кралицата Елизабет.

Како принцот, така и Клинтон и Трамп, сите демантираат дека имале блиски познанства со Епстајн и се дружеле со него, иако архивите откриваат фотографии и видео снимки што го потврдуваат спротивното.

Тој се товареше за организација на простититуција кои датираат и 19 години наназад. Од 2000 година наваму милијардерот наводно организирал сеанси со масажи во своите раскошни домови на Менхетн и во Палм Бич, Флорида и наводно имал полови односи со девојчиња на возраст и до 13 години.

Извесно беше дека милијардерот во 2008 година се изјаснил за виновен по обвиненија подведување малолетни лица и организирање проституција. Иако за тежината на делото обвинетиот тогаш требало да биде осуден и на доживотна казна затвор, Епстајн, со помош на високо платени адвокати издејствувал договор со тогашните обвинители, и бил осуден на 13 месеци.

Дополнетото обвинение укажа дека таа одлука била незаконска. Државниот обвинител од Флорида со кој Епстајн тогаш се договорил е Александар Акоста, до неодамна државен секретар за труд во Администрацијата на Трамп, кој поради скандалот и реакции од демократите, во јули даде оставка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објавени документи за педофилот Епстин: Се спомнуваат Клинтон, Трамп, Принцот Ендрју

Катерина Ѓуровски

Обвинение за 63 годишен, допирал 14 годишно девојче во воз

Предраг Петровиќ

Хрватски пејач осуден за детска порнографија

Музичарот педофил претепан и избоден во затвор: „Го држеа како заложник шест часа“

Предраг Петровиќ

Карлос Сантана: Му простив на човекот кој сексуално ме злоставуваше кога бев дете

Жртвите на Џефри Епштајн ја тужеа Дојче банк: Банката мора да плати 75 милиони долари

Горан Наумовски