ЕПП ја продолжи суспензијата за владејачката унгарска партија

Од:

Европската народна партија (ЕПП) одлучи да ја продолжи суспензијата за унгарската владејачка партија Фидес.

На своето годишно собрание, кое се одржува вчера и денеска во Брисел, челниците на најголемата групација во Европскиот парламент го поддржаа претседателот на ЕПП Доналд Туск да биде продолжена суспензијата на неограничен период.

– Мислењето на мнозинството во нашето политичко семејство е многу јасно: нема доволно напредок во Будимпешта, нема видливи промени кога станува збор за демократските стандарди, владеењето на правото и слободата на говор, оцени синоќа Туск.

На собранието не се одржа гласање, бидејќи, како што информира Хина, ниту противниците ниту приврзаниците на оваа одлука нема мнозинство.

– Ако не се смени ситуацијата, не гледам како Фидес би можел да се врати во нашето семејство, барем, додека сум јас претседател на ЕПП, потенцираше Туск.

Тој уште појасни дека укинувањето на суспензијата за Фидес не е работа за преговори. – Нема да преговарам за каков и да е компромис околу нашите вредности. Укинувањето на суспензијата зависи од евентуалните промени во Будимпешта и за промена на политиката на Фидес, потенцираше Туск.

ЕПП во март минатата година ја суспендираше партијата Фидес, предводена од унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Би можело да ве интересира

Илјадници луѓе протестираа во Будимпешта поради снимката од поткупот на соработникот на Орбан

Орбан: Можно е за брзо време западните трупи да бидат во Украина

Орбан: Ние во Унгарија се обложивме на враќање на претседателот Трамп

Орбан: Бев принуден да гласам за помош на ЕУ за Украина

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон

ЕУ подготвува казна за Унгарија